Украинските прволигаши Дњипро-1 и Александрија, одиграа во понеделникот натпревар кој траеше цели пет часа, што претставува најдолг натпревар во историјата на украинското првенство.
Средбата од 13. коло во првенството кој се играње во Дњепар, почна во 17:00 часот, а заврши некаде околу 22:00 часот, или после 280 минути.
Причина за ваквото долго траење е тоа што често се огласуваа сирените за воздушен напад од страна на руските сили. Натпреварот се играше без публика, а правилото е дека мора да се прекинува кога ќе има сирени за воздушен напад, а за време на овој натпревар се огласиле неколку пати.
Инаку натпреварот заврши со победа на Дњипро-1 со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА