Случајот „Даку“ денеска би требало да добие конечна разрешница и албанскиот репрезентативец речиси сигурно ќе добие суспензија што ќе значи крај на неговиот настап на ЕВРО 2024, апсолутно заслужено откако Мирлинд Даку во прославата на ремито со Хрватска зеде мегафон во рацете и ги навредуваше Македонците и Србите.
Таквиот однос нема да мине неказнет од УЕФА, а денеска на темата се јави и Албанската Фудбалска Федерација, која „го признава“ големиот инцидент на нивниот фудбал, опушувајќи го како „реакција на напната ситуација“.
„Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот фудбалер Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека во жарот на спортските натпреварувања емоциите растат, постапките на Мирлинд беа жална реакција на една исклучително напната ситуација. Мирлинд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер или вредностите до кои ние како федерација се придржуваме“, стои во соопштението на Албанската фудбалска федерација, пренесува МИА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА