„Фудбалски земјотрес“ – Кристијано Роналдо е замената за Мбапе во Париз

Невројатна вест пренесуваат светските медиуми. Кристијано Роналдо е се поблиску до трансфер во Пари Сен Жермен. Португалецот е незадоволен од ситуацијата во Манчестер јунајтед па сака што побрзо да го напушти тимот од „Олд трафорд“.

Како прва опција се споменува Пари Сен Жермен кој сака да направи вистински „бум“ спојувајќи ги најдобрите фудбалери во историјата во една екипа, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а тука ќе биде и Бразилецот, Нејмар. Навистина страшно ќе изгледа тимот на ПСЖ доколку се случи ова и ќе биде дефинитивно највредниот тим во историјата на фудбалот.

Тоа значи дека Килијан Мбапе и дефинитивно ќе го напушти Париз и ќе премине во Реал Мадрид следната сезона.

 

 

Се вчитува...