Фудбалскиот бог Диего – Во фудбалот осамен на врвот, во животот осамен на дното!

Диего Армандо Марадона во фудбалот го достигна врвот, но во животот човекот кој силно го чувствуваше и дното. Спои две крајности и светот го напушти како еден од најголемите на сите времиња.

На теренот беше фудбалер кој инспирира, а надвор од него човек чии дела не се раскажуваат на децата. Без сомнение припаѓаше на оној дел фудбалери поради кои ќе го засакате фудбалот, но и во оној дел кои нормална личност не сака да ги има во својата близина. Ги полудуваше противничките фудбалери, но исто така се порази самиот себе таму каде што не смееше.

Во текот на својата кариера Марадона играше за Аргентинос јуниорс, Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њувел Олд Бојс. Вистинска фудбалска легенда која светот никогаш нема да ја заборави. Во кариерата постигна 259 гола во 491 натпревари и ја водеше трката за најдобар фудбалер на 20. век додека ФИФА не одлучи наградата да ја подели, и за него и за Бразилецот Пеле.

Во фудбалот покрај индивидуалните квалитети кои беше невозможно да се копираат се истакнуваше и со одлични лидерски способности. Со својата игра и пожртвуваност го тераше тимот да биде уште подобар. Тоа најдобро се гледаше преку настапите за Аргентина и во Наполи.

Со фудбалот побегна од сиромаштијата, а огромна инспирација пронаоѓаше во својата мајка Далма Салвадоре Франко која беше најголемата жртва да ги заштити своите деца.

„Таа беше најдобрата работа која животот ми ја даде. Дури како 13-годишник првпат разбрав дека мајками всушност никогаш не ја болело стомак. Таа само сакаше ние да ја јадеме, а за неа ако остане. Кога и да требаше да јадеме, затоа што беше малку, таа секогаш велеше дека ја боли стомак. Затоа премногу ја сакам таа дама“ – раскажуваше секогаш Марадона.

Како и да е, фудбалскиот генијалец подоцна и се оддолжи со поудобен живот. Но, беше лош за самиот себе во иднина навлекувајќи се на кокаинот од кој никогаш не се спаси до крајот на животот. Токму поради проблемите и со кокаинот го достигна дното во животот, во Наполи иако беше пречекан како бог, буквално во 1992 година беше исфрлен од клубот, од истите луѓе кои и го донесоа во Неапол.

„Во Неапол ме пречекаа 86.000 луѓе кога доаѓав во 1984, а кога заминував во 1992 година заминав буквално сам“ – ќе рече легендарниот Диего.

Се вчитува...