Фудбалската репрезентација на Македонија на 24 март во Палермо ќе игра против европскиот првак Италија во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Во Италија владее голема еуфорија за овој натпревар, а челниците од Фудбалскиот сојуз на Италија сега побараа и целосен капацитет на стадионот „Ренцо Бербера“.
Откако експресно беа продадени 26.000 билети, сега првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гарвина, испратил писмо до министерот за здравство Роберто Спаренца, да издаде специјална дозвола за мечот со Македонија да се искористи максималниот капацитет на стадионот.
Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо има капацитет од 36.000 столчиња, но поради мерките за пандемијата на коронавирус, владата на Италија засега дозволува 75% исполнетост на стадионите. Победникот од плејофот меѓу Италија и Македонија во финалната пресметка за пласман на СП во Катар ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Португалија и Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА