Во вторникот, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја продолжи за една година важноста на одлуката со која на странските играчи им се дозволува самоиницијативно да ги напуштат руските и украинските клубови. Ова значи дека до 30 јуни 2023 година, странските играчи можат еднострано да се повлечат од договорите што ги имаат со клубовите во Русија и Украина.
Уште тогаш Фудбалскиот сојуз на Русија го изрази своето незадоволство од одлуката на ФИФА, а сега ФС на Русија и раководството рускиот шампионат излегоа со заедничко соопштение.
„Фудбалската федерација на Русија, руската Премиер лига и Здружението на руски професионални клубови ја осудуваат оваа одлука и сакаат да изразат големо несогласување. ФИФА постојано повторува дека спортот мора да остане неизвалкан од политиката, но ставовите и одлуките на оваа организација упорно го негираат тоа. Сметаме дека оваа одлука е спротивна на статутот на ФИФА, дека е дискриминаторска кон една нејзина членка, која нема никаква вина во сето ова. Со нас на оваа тема не се водени консултации и разговори. Фудбалот треба да ги обединува луѓето од целиот свет, а не да врши поделби“, гласи соопштението упатено до ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА