Репрезентативецот на Србија, Филип Костиќ воопшто не е претепан во родниот Крагуевац. Од Фудбалскиот сојуз на Србија вечерва ги демантираа пишувањата на српските медиуми за навовниот инцидент во кој бил вклучен Костиќ.
Како што информираат од ФСС, немилиот инцидент се случил пред три недели а крилниот напаѓач тогаш ги извршувал своите должнисти во својот клуб, Хамбургер.
„Костиќ воопшто не е претепан, ниту пак нешто му се случило… А, целиот немил настап се случил далеку од репрезентативниот табор“ – велат од раководството на ФСС.
Србија во сабота патува за Австрија на завршни подготовки за Светското првенство, на кои ќе игра со селекциите на Чиле и Боливија, на 4. и на 9. јуни на стадионот на Штурм во Грац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА