Италијанскиот фудбалски сојуз (ФИЦГ) потврди дека Салернитана ќе биде исклучена од Серија „А“ доколку не го промени сопственикот. Рокот е до 31. декември.
Ко-сопственик на Салернитана е Клаудио Лотито, сопственикот на Лацио, а по правилата на фудбалскиот сојуз, не е дозволено еден ист човек да има сопствеништво во два клуба.
„Нема да биде никаков попуст ниту поместувања на роковите. Ако до 31. септември не се појави купувач на Салернитана, клубот ќе биде исфрлен од Серија „А“ – се вели во соопштението на претседателот на ФИЦГ Габриеле Гравина.
На тимот од Салерно му е даден рок од шест месеци да ја организираат продажбата, а клубот побара дополнително време.
Сепак, Грабина е оптимист дека тимот ќе најде нови газди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА