Фудбалско дружење, награди и забава за сите љубители на спортот в сабота пред „Фонтана“ во Градски парк

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со своите партнери и спортски пријатели во сабота од 11:00 часот пред фонтана во Градски парк организира спортско – забавен ден за сите љубители на спортот и фудбалот.

На саботното заедничко дружење ќе бидат организирани низа активности и наградни предизвици поддржани од партнерите на ФФМ, Горска и Сава осигурување. Заедно со нив и со претставници од федерацијата, секој посетител ќе може да си ја проба среќата на „Тркалото на среќата“, потоа да освои вредни награди во „Трката со вода“, да шутира пенали или да се натпреварува во жонглирање.

Настанот на Фудбалската федерација на Македонија е поттик за сите поддржувачи на македонската репрезентација да бидат поддршка на претстојниот натпревар на Македонија против Словенија кој се игра в четврток, на Националната арена „Тодор Проески“. Влезниците се во продажба од 50. до 200. денари преку https://mktickets.mk/en/event-en/mkdslo/, на посебен пулт во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена.

 

Се вчитува...