Фуксе Берлин го доби дербито со Алборг, Висла Плоцк го освои Загреб

Ракометарите на Фуксе Берлин полесно од очекуваното славеа на гостувањето кај дански Алборг со 31-35 во дерби натпреварот од 13. рунда од сезоната во Лигата на шампионите.

По израмнетото прво полувреме кое гостите го добија со минимални 15-16, во вториот дел Германците одиграа многу подобро и на крајот заслужено стигнаа до победа со која го осигураа првото место во А групата на едно коло до крајот. Матијас Гидсел со осум гола повторно беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мадс Хоксер исто така заврши со осум гола.

Висла Плоцк ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај ППД Загреб славејќи со 26-34. Најдобар поединец во таборот на победникот беше Мелвин Ричардсон со осум гола, додека кај поразените Георги Чокверабадзе постигна шест гола.

Се вчитува...