Фуксе Берлин преку Кјелце до четвртфинале во ЛШ

Лидерот на табелата во германската Бундеслига, Фуксе Берлин се пласираше во четвртфиналето од годинашното издание на Лигата на шампионите.

Иако, Германците вечерва на домашен терен oдиграа реми (37-37) против Кјелце, сепак доволна за пласман понатаму им беше победата пред седум дена во Полска од (27-33).

Maтијас Гидсел беше неверојатен во таборот на домаќините постигнувајќи 12 гола, а неверојатно е тоа што во првото полувреме беше стоотстотен 10 од 10. Кај гостите Шимон Сичко заврши со осум голови.

Во четвртфиналето Фуксе Берлин за противник ќе го има дански Алборг.

Се вчитува...