Германски Фуксе Берлин продолжува со максималниот ефект по пет кола во новата сезона од Лигата на шампионите.
Германците вечерва без проблеми славеа против норвешки Колштад со 38-27, за враќа на лидерската позиција на табелата.
Грондал со девет и Гидсел со осум гола беа најдобрите поединци во победничкиот тим, а Јепсон со седум гола беше најдобар кај Колштад.
Португалски Спортинг, пак, во Лисабон во голема драма го совлада унгарскиот гигант Веспрем со 33-32. По десет гола кај домашните постигнаа Франциско Коста и Торкелсон а Хешам со 12 гола предводеше кај Унгарците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

