Ракометарите на Фуксе Берлин направија крупен чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва му одржаа лекција на Кјелце среде Полска славејќи со 27-33.
Натпреварот скоро 40 минути беше во егал, но гостите со фуриозна игра во последните дваесетина минути на крајот успеаја да слават со 27-33.
Убедливо најдобар поединец кај победникот беше Ласе Андерсон со 13 гола, додека кај поразените Дилан Наи постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА