Фуксе Берлин уште еднаш го „преслуша“ Алборг за Ф4 во Келн

Ракометарите на германскиот Бундеслигаш, Фуксе Берлин се првите учесници на фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите.

По победата од минатата недела на домашен терен (37-29), тие вечерва славеа и на гостувањето во Данска со 36-40.

Maтијас Гидсел со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Кристијан Бјорсен.

Се вчитува...