Фуксе Берлин е вториот финалист на фајнал-фор турнирот во ЕХФ купот, откако во полуфиналето го совлада Порто со 24-20.
Натпреварот започна израмнето со одлична игра во одбраната од страна на двата тима. До резултат 7-7 се играше гол за гол, за во 25. минута со серија од 4 гола стигнаа до предност од 11-7. До крајот на полувремето, двата тима постигнаа по еден гол за гол за на пауза да се замине со предност на Фуксе Берлин од 12-8.
Во второто полувреме тимот од главниот град на Германија ниту еднаш не дозволи Португалците да го загрозат водството, а конечниот резултат изнесуваше 24-20.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Пол Друкс со 6 гола, додека кај Порто најефикасен беше Мигел Алвеш со 6 гола.
Противник на Фуксе Берлин во големото финале ќе биде ривалот од Бундеслигата и домаќин на завршниот турнир Кил, a во натпреварот за третото место ќе се сретнат Холстебро и Порто. И двата меча се на програмата утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА