Одлични 2:2 на премиерата на Ливерпул во новата сезона во Премиерлигата на гостувањето кај Фулам. Лондончани можат да жалат за трите бода, затоа што два пати водеа, но Ливерпул успеа два пати да се врати.
Херој на Фулам беше Александар Митровиќ кој постигна два гола. Првиот во 33. минута кога успеа со глава да го совлада Алисон. Дарвин Нуњез израмни во 63. минута од средбата со прекрасен гол на своето деби во Премиерлигата.
Кога се чинеше дека Ливерпул ќе тргне по победата, пенал кој го направи Вирџил Ван Дајк над Митровиќ, што во гол го претвори Србинот во 72. минута.
Сепак, Мохамед Салах во 81. минута успеа да израмни и да му донесе бод на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

