Фулам ќе прави проблеми во Премиерлигата: Вилијан и Курзава на „Кревен Котиџ“ во ист ден

Фулам се врати во Премиерлигата и намерува да остане во „елитата“ на англискиот фудбал и во иднина. Англискиот тим одлично ја започна сезоната, а очекувањата се уште поголеми откако во последниот ден од преодниот рок лондонскиот тим успеа да стигне до две одлични засилувања.

Станува збор за преискусниот Вилијан кој во минатото ги бранеше боите на градските ривали Челси и Арсенал и Левин Курзава кој на „Кревен Котиџ“ доаѓа од редовите на ПСЖ.

До крајот на денот големи се шансите потпис со тимот да стави и младиот напаѓач Даниел Џејмс кој ќе реализира трансфер од Лидс.

 

 

Се вчитува...