Ниту во второто коло од новата сезона во англиската Премиерлига, фудбалерите на Манчестер Јунајтед не дојдоа до победа. После поразот на домашен терен од Арсенал, на гостувањето кај Фулам одиграа само нерешено 1-1.
После првиот дел немаше голови, и покрај тоа што најголемата шанса ја имаше Јунајтед, по сомнително досуден пенал. Фернандеш ја испрати топката високо над голот, и не успеа да му донесе предност на тимот од Олд Трафорд.
Во вториот дел автоголот на Родриго Муниз го израдува тимот на Манчестер, и донесе гостинска предност. Сепак, истата траеше 15 минути откако по една добра акција, Смит Роув ја спроведе топката во мрежата за израмнување и за бод за Фулам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

