Манчестер сити се пласираше во следната рунда во најстарото фудбалско натпреварување во светот, ФА купот откако славеше над Фулам со убедливи 4-1. Гостите поведоа со голот на Карваљо во 4. минута со 0-1, но со ова само ги налутија домаќините кои во продолжението го наполнија нивниот гол.
Прво Гиндоган во 6. минута израмни на 1-1, а веќе во 13. минута беше 2-1 со голот на Стоунс. Во вториот дел Махрез во 53. од пенал и во 57. минута ги постави конечните 4-1.
Од останатите натпревари од денешната програма во ФА купот ги издвојуваме: Евертон – Брентфорд 4-1, Кристал Палас – Хартлпул 2-0 и Вулверхемптон – Норич 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

