Фулам со нов трансфер рекорд купува фудбалер на Шахтјор Доњецк

Англискиот премиерлигаш Фулам е на добар пат да стигне до рекордниот трансфер во клупската историја со ангажман на Бразилецот Кевин од украинскиот клуб Шахтјор Доњецк.

Станува збор за 22-годишник кој ја покрива левата крилната позиција и за него лондонскиот клуб е подготвен да издвои 37 милиони евра, надминувајќи го сегашниот транфер рекорд од 31 милион евра издвоени за ангажман на Емил Смит Роу.

Кевин минатата сезона забележа шест голови и четири асистенции на 24 натпревари во украинското првенство, а стекна и искусво во Премиерлигата настапувајќи на седум средби на кои постигна два гола. Оваа сезона продолжи со одличните настапи во квалификациите за Лига Европа постигнувајќи четири голови и две асистенции на три средби.

Се вчитува...