Продолжува резултатската криза на Арсенал низ последните денови од 2023 година кој и трет едноподруго натпревар не знае за победа. Во последниот натпревар од годинава која заминува, „топчиите“ со пресврт загубија на гостувањето од Фулам со 2-1.
А, Арсенал поведе уште во 5. минута со голот на Сака.
Сепак, Хименез во 29.минута израмни за Фулам, а Де Кордова во 60. минута постигна гол за победа на домашните од 2-1.
Тотенхем, пак, на последниот ден од 2023 немаше никаков проблем со Бурнмаут победувајќи со 3-1.
Сар во 9. минута го отвори резултатот за водство на Тотенхем од 1-0, Сон во 72. минута зголеми на 2-0 а Ричарлисон во 80. минута донесе и 3-0. Гостите преку Скот во 84. минута успеаја само да постигнат почесен погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА