Фулам со шестминутен пресврт до триумф над Нотингем Форест, Астон Вила го победи Саутемптон (ВИДЕО)

Фулам се доближи на само еден бод од Манчестер јунајтед на шестата позиција на табелата во Премиерлигата, откако во 7. коло триумфираше со 2-3 на гостувањето против Нотингем форест.

Иако домашните поведоа уште во 11. минута, сепак следеше комплетен пресврт во второто полувреме. Со три голови, на Тете во 54. минута, Палиња во 57. минута и Рид во 60. минута, Фулам за само шест минути успеа комплетно да го скрши отпорот на Нотингем форест кој во финишот со голот на О’Брајан успеа единствено да го ублажи поразот.

Астон Вила, пак, дојде до минимална победа над Саутемптон од 1-0 пред своите навивачи.

Рамзи во 41. минута беше стрелец на единствениот погодок на мечот за три бода на Астон Вила.

Се вчитува...