Фулам со три бода, Лидс ќе стравува за опстанокот (ВИДЕО)

Фулам го совлада тимот на Лидс во 32. коло во Премиерлигата, и така ги задржа шансите да се бори за излез во Европа, испраќајќи го Лидс кон долниот дел на табелата да стравува за својот опстанок.

По првиот дел без голови, Вилсон и Переира во вториот дел донесоа 2-0 за домашниот тим, а потоа Палиња си постигна автогол и само го ублажи поразот на гостите.

Фулам е сега на 9. место на табелата со 45 бодови, додека Лидс со 29 е само два бода над опасната зона која носи испаѓање.

Се вчитува...