Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани европската ракометна титула откако во финалната пресметка на Европскиот шампионат ја победи Хрватска со 22-20. Завршните десет минути од дуелот и ја однесоа победата на „фуријата“. Во завршниот период двете селекции влегоа израмнети со по 18 гола, а Шпанците во овој нееефикасен дел беа поуспешни и дојдоа до триумфот. Хрватска имаше шанса да целзе во драматичен финиш, но Игор Карачиќ направи чекори на една минута и пет секунди до крајот и ја загуби топката.
Голманот Гонзало Перес Де Варгас комплетно го порврди статусот на најдобар чувар на мрежата на шампионатот и беше клучен со одбраните за успехот на Шпанија. Гомез со пет гола беше прв стрелец со пет гола кај Шпанците, Дувњак имаше исто така пет гола кај Хрватите.
Второто полувреме почна исклучително лошо за Хрватите, влегоа во подолг период без постигнат гол, а нападот на Шпанија беше одличен, па бранителот на трофејот се одлепи на 16-12 веќе во 36. минута. Сепак, одбраната на Хрватска ја принуди Шпанија на грешки и промашувања во нападот, па „коцкестите“ успеаја да се изборат за израмнување на 18-18 на 11 минути пред крајот на сребата.
Претходно, во воведното полувреме, Шпанија пресвртот го направи во втората половина благодарение на одбраните на Гонзало Перез Де Варгас откако првично Хрватска ја имаше контролата на резултатот и водеше во еден момент и со три гола предност. На паузата, Шпанците имаа минимални 12-11.
Финалниот дуел на ЕВРО 2020 им беше доверен на македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА