Лидерот на табелата, екипата на Вардар има убедливо водство од 4-0 против Арсими по првото полувреме во првиот денешен натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.
„Вардарци“ водат благодарение на трите гола на трите зимски засилувања, српскиот интернационалец Цветковиќ, како и повратниците во црвено-црниот дрес Бобан Николов и Дарко Велковски, како и еден погодок на Немања Босанчиќ.
„Црвено-црните“ поведоа уште во 6. минута од средбата која се игра на стадионот „Петар Милошевски“ на комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ.
Одлична соло-акција на Закариќ по десната страна кој мајсторски пред голот на гостите го пронајде Цветковиќ, кој уште во првиот свој официјален натпревар за Вардар се запиша во листата на стрелците.
Веќе во 20. минута одлична топка доби повратникот Бобан Николов и избивајќи сам пред противничкиот гол стрелаше за предност од два гола на Вардар.
Во 35. минута, по корнерот од левата страна, одличен во скокот Дарко Велковски погодувајќи и за 3-0.
А, во 42. минута по една катастрофална грешка на одбраната на Арсими, погоди и Босанчиќ за 4-0 пред паузата.
ПМФЛ – 17. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – АРСИМИ (4-0)
Цветковиќ 5′, Николов 20′, Велковски 35′, Босанчиќ 42′
Кратово: СИЛЕКС – БАШКИМИ (14 ч.)
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0 (0-0)
Спахиу 78′, Ндзенгуе 89′
Кавадарци: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6 (0-4)
Садик 9′, 61′, 76′, Стојковски 20′, Тасев 23′, Голубов 61′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

