Фуриозна четвртина за МЗТ и егал со Блокотехна сезонава (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје Аеродром и Блоктохена одиграа дреби според очекувањата на стартот на новиот дел од сезоната во најслината домашна кошаркарска конкуренција. Триумфот го израмнува МЗТ според досегашниот биланс со гевгелискиот состав и единствено Работнички е подбар на првенствената табела.

Во натпреварот со 20 тројки, девет за МЗТ и 11 за Блоктоехна, екипите беа речиси израмнети во голем дел од статистичките категории. МЗТ имаше 62 проценти реализација на ударите за два поени, Блокотехна 61 процент, скопскиот состав слободните фрлања ги реализираше со 78 порцентна прецизност, а Блокотехна со 77. Победничкиот состав има 29 скока, поразениот 28. Шестмина кошаркари кај вицепрвакот имаа двоцифрен ефект, кај Блокотхена пет играчи постигнаа двоцифрен број поени.

Двете екипи имаат по 9 победи и 2 порази, по еден во меѓусебните дуели, а по еднаш загубија од Работнички.

 

Се вчитува...