Фуриозно второ полувреме на Кузмановски и Магдебург

Филип Кузмановски и Магдебург останаа со максимален ефект и по второто коло од Бундес-лигата откако оваа екипа славеше на гостувањето против Лемго со убедливи 24-32. Пресудно се покажа второто полувреме, во кое Магдебург не само што се врати по негативата од три гола од првиот дел (15-12), туку со 20 постигнати погодоци направи целосен пресврт и на крајот стигна до убедлива победа.

Кузмановски повторно доби повеќе задачи во одбраната на својот нов клуб, а во фазата на нападот македонскиот репрезентативец успеа и еднаш да се запише меѓу стрелците.

Магдебург во третото коло ќе ја има улогата на фаворит на домашниот натпревар против Нордхорн.

Се вчитува...