Мартан Фуркад стана првиот спортист кој на ЗОИ во Пјонгчанг стигна до три златни медали, помагајќи и на репрезентацијата на Франција да триумфира во мешовитата бијатлонска штафета.
За Французинот ова е вкупно петто олимписко злато во кариерата. Пред него по бројот на златни олимписки одликувања единствено е Норвежанецот Оле Ејнар Бјорндален.
Тој има зад себе и две сребра, на Игрите во Ванкувер и во Сочи.
Покрај тоа Фуркад стана и најуспешен француски олимпиец во историјата, било на Летни или Зимски олимписки игри.
Штафетата на Франција во трката на два пати по 6 километри (жени) и два пати 7,5 километри (мажи) победи со време од 8:34.3 секунди. Среброто го освои Норвешка а бронзата – Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА