Германскиот биетлонец Арнд Пајфер освои златен медал во биатлонската спринт трка на 10 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Пајфер извонредно стрелаше во двата наврати, без промашување, а беше одличен и во трчањето па на крајот остварувајќи најдобро време со што го донесе третото злато за Германците на ЗОИ 2018. Трката ја заврши со време од 23 минути и 38,8 секунди.
Второто место и сребрениот медал на трката го освои Чехот Михаил Крчмар со 4,4 секунди заостанување, а бронзениот медал отиде на градите на Италијанецот Доминик Виндиш кој имаше 7,7 секунди полошо време од победникот.
Потфрли моментално најдобриот биатлонец во светот, Мартин Фуркад од Франција кој трката ја заврши дури на осмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА