Македонскиот футсал првак КМФ Велес од 29.август до 1.септември ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир во Лигата на шампионите, на кој учество ќе земат и екипите на Космос Талин (Естонија), Валета (Малта) и Футсамба Наас (Иркска), како дел од групата Е. Мечевите ќе се играат во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, а КМФ Велес е дебитант во елитното натпреварување.
Сепак, тимот е составен од искусни футсал играчи, а капитенот Зоран Левески најавува борба за првото место во групата.
„Имаме голема мотивација и желба да се претставиме во најдобро светло. КМФ Велес лани првпат ја освои тотулата, сега ќе учествуваме на меѓународна сцена и подготвени сме за предизвикот. Мислам дека имаме сили со тимот од Малта да се бориме за првото место во групата“, изјави Левески.
Победникот од претквалификациската група Е, ќе се пласира во главната рунда, која ќе се одржи во октомври во Словачка.
Група Е, распоред на натпревари
1. коло (29. август)
Валета-Космос Талин (17:30 ч.)
КМФ Велес-Футсамба Наас (20:00 ч.)
2. коло (30. август)
Футсамба Наас-Валета (17:30 ч.)
КМФ Велес-Космос Талин (20:00 ч.)
3. коло (1. септември)
Космос Талин-Футсамба Наас (17:30 ч.)
Валета-КМФ Велес (20:00 ч.)
Влезот на натпреварите е бесплатен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА