Македонската репрезентација во футсал од 24. до 26. март во Велес ќе биде домаќин на силен интернационален турнир, во рамките на подготовките за квалификацискиот турнир кој од 4. април не очекува во Казахстан.
На турнирот во Велес, покрај Македонија ќе партиципираат и селекциите на Хрватска, Азербејџан и Унгарија, од која се уште се очекува дефинитивната потврда. Селекторот на Македонија, Иван Божовиќ до 21. март се очекува да го соопшти списокот на репрезентативци за престојниот турнир, а собирот на националниот тим е закажан за 23. март.
Македонија од 4. до 12. април ја очекуваат квалификациите за ЕП во Казахстан. Во Групата 6 покрај домаќинот Казахстан и Македонија, уште се и репрезентациите на Данска и на Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА