Македонската футсал репрезентација ремизираше (2-2) со селекцијата на БиХ во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП.
Избраниците на Васко Скендеровски на двапати имаа негатива, но во два наврати успеваа да израмнат и на крај да дојдат и до трето реми низ квалификацискиот циклус во пет натпревари.
Селекцијата на БиХ поведе со голот на Сесар во 13. минута.
Македонија израмни преку Ранготов во 23. минута. Потоа гостите повторно дојдоа до предност во 36. минута со голот на Хркач.
И иако Рамадани израмни на една минута и 18 секунди пред крајот, репрезентацијата на БиХ до победата дојде со голот на Јелиќ на само 12 секунди пред крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА