Футсал репрезентацијата на Македонија ремизираше на домашен терен 2-2 со Романија во натпревар од второто коло во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонија поведе со голот на Дандан во 13. минута, но само минута подоцна Романците преку натурализираниот Бразилец Фелипе Оливеира израмни на 1-1, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел вториот Бразилец во Романија, Рибеиро во 32. минута донесе водство за Романците, додека конечните 2-2 ги постави Ранготов во 38. минута. Македонија по две одиграни кола во групата 4 освои еден бод, откако во првото коло загуби на гостувањето кај Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА