Футсал репрезентацијата поразена на гостувањето кај Холандија

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз на гостувањето кај Холандија од 4-0 ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Холанѓаните поведоа со 1-0 со голот на Букари во седмата минута. Само една минута подоцна Оудах ја удвои предноста на домашниот тим (2-0), резултат со кој се отиде на полувреме.

Во вториот дел за само осум секунди „лалињата“ успеаја да дадат два гола. Прво Атахири (27:29 минута) зголеми на 3-0, а само осум секунди подоцна Букари со својот втор гол ги постави конечните 4-0.

Во второто коло следната среда нашите футсалци на домашен терен ќе ја пречекаат Андора.

Се вчитува...