Футсал репрезентацијата на Македонија денеска го стартува квалификацискиот турнир во Литванија од првата фаза за пласман на Светското првенство.
Прв противник на Македонија ќе биде репрезентацијата на Бугарија, а мечот е со почеток во 15.30 часот. Селекторот на „црвено-жолтите“ Газменд Хисејини верува дека Македонија може да стигне до една од првите две позиции и да се пласира во втората фаза.
„Добро е што сите повикани фудбалери се појавија на прозивката и што може да сметам на сите оние кои беа предвидени за настап во овој квалификациски циклус. Задоволен сум од формата на играчите и очекувам дека ќе се пласираме на првите две позиции кои не водат во следната фаза”, изјави селекторот Хисејини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

