Македонската футсал репрезентација, денеска од 19 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со натпреварот против Велс го почнува претквалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда квалификации за ЕП 2022.
Македонија посакува победнички старт во желбата за прво место во групата во која уште е и селекцијата на Норвешка.
„Јасно е дека ја носиме фаворитската улога, и не бегаме од тоа и покрај тоа што има нарушена самодоверба меѓу репрезентативците по претходните неуспеси. Но, посакуваме победнички старт против Велс бидејќи потоа не очекува главната битка со Норвешка за првото место во групата“ – вели македонскиот селектор Васко Скендеровски.
Македонија натпреварот против Норвешка ќе го игра во сабота (1. февруари), исто така од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА