Футсал-шампионите на Шкупи со „шпалир“ поздравени на Чаир (ФОТО)

Екипата на Шкупи е нов шампион во првенството во футсал во Македонија, откако тимот од Чаир вчера победнички ја завршија сезоната совладувајќи го тимот на Шкендија со 0-4.

Шкупи со предност од шест бода заврши на врвот во футсал-шампионатот пред стариот шампион КМФ Проект.

Па, денеска новите шампиони во футсал пред почетокот на натпреварот од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Работнички беа поздравени на стадионот во Чаир.

Се вчитува...