Тетовска Шкендија го приреди најголемото изненадување во првите натпревари од осминафиналето во Купот на Македонија во футсал елиминирајќи го најдобриот македонски тим и лидер во Првата футсал лига, КМФ Велес.
Тетовци на мечот од осминафиналето во Тетово славеа со 13-10 (6-3). Елвир Нуриши, Алтин Салихи и Бесар Халил се најзаслужните за триумфот на Шкендија и пласманот во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Во останатите вчерашни дуели, Шкупи славеше против Астибо со 1-5, а Овче Поле го елиминираше СЕЕ Универзитет победувајќи со 3-1.
ФУТСАЛ – КУП НА МАКЕДОНИЈА (ОСМИНАФИНАЛЕ)
Шкендија – Велес 13-10
Астибо – Шкупи 1-5
Овче Поле – СЕЕ Универзитет 3-1
ДЕНЕСКА
Црна Река – Кратово
Цико – Унипаб
Илирет Куманово – Јувентус Серава
Железарец – Мал Ајакс
Карадаку – Гемиџии 1903
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА