Македонскиот шампион во футсал, екипата на Шкупи со убедлива победа против Макаби од Израел дебитираше на европската сцена во првиот натпревар од премилиминарната рунда во УЕФА Футсал Купот.
На дуелот во Линц, каде се играат натпреварите од Групата Ц, Шкупи славеше со 5-1А со погодоците на Ибиши, кој стрелаше во два наврати, Алими, Незири и Сефери.
Утре, Шкупи од 18 часот го игра вториот натпревар на турнирот против Луксол Сент Ендрјус од Малта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА