Футсал репрезентацијата на Македонија ја оствари и третата победа на претквалификацискиот турнир во Скопје, совладувајќи ја Албанија со 3-2. Во тензичен натпревар со пресврти и многу набој, македонскиот национален тим направи пресврт во второто полувреме и заслужено стигна до триумф. Го освоивме првото место и сега нашиот национален тим во наредната рунда од квалификациите ќе игра во Украина, каде ќе се соочи со домашната селекција, Словенија и со Косово.
Садат Зибери по само 14 секунди донесе водство за Македонија. Потоа следеа два гола на Албанците. Бесник Реџепај израмни на почетокот на шестата минута, а Ендрит Кача во 13.минута направи пресврт. Македонија остана и без Еркан Сефери кој заработи црвен картон.
Во вториот дел блесна Македонија. Садат Зибери со својот втор гол во 24.минута израмни на 2-2, а победничкиот погодок за Македонија го постигна Таулант Исмаили една минута подоцна. На голот го имавме одличниот Антонио Петровски.
Македонија со три победи во три натпревари го освои првото место на претквалификацискиот турнир во Скопје и обезбеди пласман во главната фаза од елитните квалификации за СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА