КМФ Проект запиша убедлива победа од 0-11 против Кеги Моби на гостувањето во Велес во 18. коло од Првата македонска футсал лига.
Стрелци на головите за Проект беа Андов кој запиша хет-трик, по два гола постигнаа Тодоровски и Грбашлиев, а по еден – Давчевски, Ранготов, Петровски и Крстевски.
КМФ Арбен Бајрамија запишаа убедлива победа од 6-2 против Железарец, пред дерби натпреварот со Шкупи. КМФ Астибо, пак, со 1-2 триумфираше на гостувањето против Карадаку со двата погодоци на Марковски. За домаќините стрелец беше Зеќири.
Шкупи го победи Велес со 10-3. Три гола постигна Чека, два Левески, а по еден запишаа Агуши, Глигоров, Фазлиу, Сотировски и Димовски.
Црна Река на гости славеше против Кратово со 8-10, додека Јувентус на гости убедливо со 1-9 го победи Мал Ајакс.
Поради репрезентативните настапи на А-селекцијата, против БиХ и Романија, следува пауза во домашниот футсал шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА