Футсалците ги дознаа ривалите во квалификациите за пласман на ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2028 година. Македонија се најде групата Ц, каде за противници ќе ги има селекциите на Турција, Бугарија и Литванија.

Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 6 до 15 април 2026 година. Во првата фаза се формирани вкупно шест групи со по четири селекции, а право на пласман понатаму ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група. Тие ќе се приклучат на главната квалификациска рунда, во која веќе се вклучени водечките европски футсал селекции.

Групи за квалификациите за ЕП:
Група А: Данска, Андора, Малта, Шкотска
Група Б: Шведска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска
Група Ц: Македонија, Литванија, Турција, Бугарија
Група Д: Косово, Црна Гора, Австрија, Гибралтар
Група Е: Латвија, Албанија, Кипар, Сан Марино
Група Ф: Грција, Норвешка, Израел, Естонија

Се вчитува...