Ракометарите на ГА направија подвиг во својата група од Купот на Македонија откако на гостински го совладаа Пролет со резултат 22-32. Тимот од плејоф-разигрувањето ја имаше фаворитската улога, но ракометарите на ГА одиграа одличен меч, во второто полувреме успевајќи да се одлепат и заслужено да стигнат до преубедлива победа, понижувајќи го скопскиот ривал.
Првиот дел не најавуваше ваков исход ако се знае дека домаќините имаа контрола над резултатот, во две ситуации има и три гола предност (6-3 и 10-7), но одличниот финиш им помогна на гостите со голот на Даев во последните секунди да заминат на одмор со израмнети 12-12. Гостите полни со самодоверба влегоа во вториот дел, експресно се одлепија на три гола предност, додека Пролет се мачеше да го најде патот до противничката мрежа. Избраниците на Јовиќ промашија три пенали за помалку од пет минути, а ГА го искористи тоа за дополнително да се одлепи на пет гола предност (14-19).
Домашниот стратег побара тајмаут, но скопскиот ривал знаеше како да ја одржува предноста меѓу пет и шест гола, а кога ГА стигна и до плус осум (15-23), Јовиќ беше принуден повторно да реагира со минута одмор. Тоа немаше влијание врз конечниот исход, гостите одиграа маестрално до самиот крај и тримфираа со конечни .
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Милошески со седум и Шилегов и Трајковски со по пет гола, додека Ласко Андоновски со пет погодоци беше најефикасен во таборот на Пролет.
ГА за противник во финалето од оваа група ќе го има подобриот од утрешниот дуел меѓу екипите на Радовиш и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА