Габриел го искачи Арсенал во Топ 5 во Премиерлигата

Арсенал стигна до 12. победа во Премиерлигата откако славеше на домашен терен против Вулверхемптон со 1-0 во 24. коло. Триумфот на „топџиите“ им ја донесе Габриел кој во 25. минута ја затресе противничката мрежа по асистенцијата на Лаказет.

Со новите три бода лондонскиот состав се искачи на петата позиција на табелата со 39. освоени бода, онолку колку што има и Манчестер Јунајтед, но избраниците на Артета имаат натпревар помалку во однос на „црвените ѓаволи“.

Голот на Габриел можете да го погледнете ТУКА.

Се вчитува...