Габриел Гуедес е нов ракометар на македонскиот суперлигаш МРК Куманово, потврдија од клубот.
Овој ракометар игра на позиција десен бек и е висок 186 сантиметри и тежок 90 килограми. Договорот на Гуедес со МРК Куманово е на една година со опција за продолжување на договорот и за наредната сезона.
Новиот ракометар ќе има право за настап веќе на утрешниот меч против ГРК Тиквеш од Кавадарци кој ќе се одигра во Спортската сала во Куманово со почеток од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

