Габриел Хесус ќе биде „граѓанин“ уште пет сезони

Бразилскиот интернационалец Габриел Хесус потпиша нов петгодишен договор со Манчестер сити и ќе остане на „Етихад“ до 2023 година. Претходно, 21-годишниот напаѓач имаше договор до 2021 година, а раководството на клубот одлучи да му понуди договор со подобри услови. Неделната плата на Хесус ќе биде зголемена од 70.000 на 100.000 фунти.

„Ова е најдобрата одлука која можев да ја донесам во животот. Тука можам да напредувам и професионално и персонално. Манчестер сити е голем клуб кој постојано се надградува, а огромна улога во целата оваа приказна има и менаџерот Пеп Гвардиола“, изјави Бразилецот.

Габриел Хесус дојде во Манчестер сити во 2017 година и на 53 натпревари досега постигна 24 гола.

 

Се вчитува...