Габриел Хесус ќе биде нов напаѓач на Јувентус?

Бразилскиот напаѓач Габриел Хесус (24) би можел да стане нов напаѓач на Јувентус. Торинскиот клуб сака да ангажира нов напаѓач, а меѓу кандидатите за потпис е и 24-годишниот бразилски фудбалер Габриел Хесус од Манчестер Сити.

„Газета дело Спорт“, наведува дека Сити е подготвен да го испрати Хесус на позајмица до крајот на сезоната со задолжителна откупување, па таквата идеја му се допаѓа на торинскиот клуб.

Сепак, тој ќе пристигне во Торино само доколку Кристијано Роналдо го напушти клубот, а Протугалецот ќе донесе одлука по ЕП дали ќе ја напушти „Старата дама“. Хесус е член на Манчестер Сити веќе пет години. Тој пристигна од Палмеирас за 33 милиони евра и на 195 настапи постигна 82 гола за „граѓаните“.

Секако треба да се истакне дека Един Џеко и Душан Влаховиќ се исто така поврзани со Јувентус, и очигледно ќе биде многу интересно лето во Торино кога станува збор за трансферите.

Се вчитува...