Бразилскиот интернационалец Габриел Хесус ќе го нема во редовите на Манчестер сити најмалку уште еден месец. Ова го потврди менаџерот Пеп Гвардиола во пресрет на денешниот меч против Барнли во Премиер – лигата.
Габриел Хесус се опоравува од повредата на коленото. Тој настрада на мечот против Кристал Палас на 31 декември. Оваа сезона Бразилецот настапи на 18 натпревари во првенството на Англија, и постигна осум гола, забележувајќи и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА