Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Хесус, по повеќе од еден месец се врати на тренинзите со тимот. Тој заработи повреда на лигаментите на мечот против Кристал Палас во очи Нова Година, а денеска за првпат одработи дел од тренингот со своите соиграчи.
„Тој сега е способен да одработи дел од тренингот со екипата, и тоа е одлична вест. Но, ќе треба да се внимава со неговото враќање на терените. Верувам дека се ќе биде во најдобар ред и ќе го имаме Габриел Хесус кога ќе ни биде најпотребен“, изјави менаџерот на Манчестер сити, Габриел Хесус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА