Габриел Жесус е далеку од камбек во Бразил

Габриел Жесус, бразилскиот фудбалер кој не успеа да ги преслика фантастичните настапи од Манчестер Сити и во дресот на Арсенал ова лето се поврзува со враќање назад во татковината и настап за Фламенго кој ќе биде втор клуб во неговата кариера во Јужна Америка по оној за Палмеирас од каде и го трасираше патот до Премиерлигата.

Жесус го засили Арсенал во 2022 година за 52 милиони евра, но повредите го спречија да го покаже потенцијалот и во северот на Лондон. Настапи на само 96 средби во сите конкуренции и постигна скромни 26 голови и 20 асистенции.

Дваесетиосумгодишникот моментано се рехабилитира од повреда и неговиот камбек на теренот се очекува на средина на месец ноевмри. Во меѓувреме Арсенал најде нов напаѓач, го ангажира Виктор Ѓекереш па драстично се намали шансата Бразилецот да добие место во првиот тим во новата сезона со што дополнително се зголемија гласините за трансфер.

До истиот, особено во Бразил мала е веројатноста дека ќе дојде со оглед на повредата и желбата на напаѓачот да остане дел од елитните европски шампионати.

Се вчитува...